Поради средбата со Макрон, португалскиот премиер ќе биде 14 дена во изолација

Од:

Португалскиот премиер Антонио Кошта ќе замине во двонеделна самоизолација, откако имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон, кој е позитивен на коронавирусот.

Кошта пред два дена беше негативен за тестот за Ковид-19, но,сепак, ќе остане во самоизолација до 29 декември.

Кабинетот на португалскиот премиер соопшти дека Кошта ги откажал сите јавни активности, вклучувајќи ги и патувањата во Сао Томе и Принципе и Гвинеја-Бисао, но дека ќе продолжи да работи од дома.

По објавата дека Макрон е заразен, шпанскиот премиер Педро Санчез, кој неодамна одржа состанок со францускиот претседател, исто така беше тестиран.

Макрон вчера во живо на Твитер изјави дека се чувствува добро и дека работи, иако со позабавено темпо.

Би можело да ве интересира

Макрон: Безбедносните сили ќе бидат распоредени во Украина по мировниот договор

Шојгу: Изјавата на Макрон за заштита на ЕУ со нуклеарно оружје е закана за целиот свет

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Медведев: „Еј Макрон! Внимавај со својот нуклеарен арсенал!“

Макрон: Франција и Велика Британија предлагаат еднонеделен прекин на огнот во Украина

Макрон: Не смееме да бидеме американски вазали