Поради снежната бура „Филомена“, Мадрид и делови од Шпанија се во вонредна состојба

Од:

Обилните снежни врнежи од невремето „Филомена“ ги ставија во вонредна состојба Мадрид и други делови на Шпанија, поради тоа што е нарушен сообраќајот и принудени се некои региони да испраќаат војници да ги расчистат патишта.

Со прогноза за снег до 20 см за 24 часа и температури од околу 0 степени Целзиусови, југот на регионот Мадрид за првпат беше на највисоко ниво на подготвеност од создавањето на системот во 2007 година.

Големи паркови во главниот град се затворени.

Припадници на единицата за вонредни состојби на шпанската армија помогнаа во расчистување на патиштата и инфраструктурата низ целата земја, соопшти Министерството за одбрана.

Кастилја-Ла Манча, еден од трите региони во режим на приправност, заедно со Мадрид и Источна Валенсија, ги затвори училиштата.

Снегот зафати околу 280 главни патишта, соопштија властите и ги замолија граѓаните да избегнуваат патувања.

Аеродромскиот оператор Аена ги повика патниците да користат метро за да стигнат до аеродромот во Мадрид.

Според метеоролозите ќе има снег како во февруари 1984 година или во март 1971 година.

Најниската температура досега забележана на Пиринејскиот полуостров е регистрирана во средата, со измерени минус 34 степени Целзиусови на северот на земјата.

Снег паѓа во Мадрид од четвртокот.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата