Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

Од:

Агентите на полското Централно антикорупциско биро (ЦБА) денеска го приведоа поранешниот портпарол на претседателот на Полска, Блажеј Спихалски, под сомнение за корупција во врска со издавање лажни дипломи.

„Утринава, на барање на шлезискиот огранок за организиран криминал и корупција, агенти на ЦБА го уапсија Блажеј С., поранешен портпарол на претседателот на Полска, државен секретар во Кабинетот на претседателот на Република Полска“, напиша на платформата Х, Јацек Добржински, портпарол на МВР.

Тој додаде дека по завршување на процесните дејствија, осомничениот ќе биде пренесен во огранокот на Покраинската полициска управа во Катовице.

Би можело да ве интересира

Полска одбива да испорача системи „Патриот“ за операции против Иран

Сикорски: Американските гаранции за сојузниците сè во помало пакување, но цената останува иста

Полска подготвува план Б: Финансирање на армијата од девизните и резервите на злато

Предраг Петровиќ

Варшава најавува пресметка со Москва околу „советската доминација“

Аферата Епстин добива нов пресврт: Полска ги истражува врските со Москва

Најмалку 38 лица починаа од хипотермија во Полска