Поради антиизраелското расположение во Западна Европа, Израел мора да ја зајакнува трговијата со Азија

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека бранот од антисемитизам и „исламизација“ во Западна Европа, го тераат Израел да ја зајакнува трговијата со Азија.

Европа е најголемиот трговски партнер со Израел. Но продлабочените дипломатски спорови за политиката во однос на Палестинците и антиизраелските инциденти како оној на 9 јануари, кога исламисти нападна продавница за кошер храна во Париз, предизвика вознемиреност во Тел Авив.

Нетанјаху, кој е исто така министер за финансии и приврзаник на слободниот пазар, ги истакна предностите на Кина, Индија и Јапонија во последните две години, во споредба со ситуацијата во Европа.

Тој денеска ќе биде домаќин на јапонскиот премиер Шинѕо Абе, кој е во блискоисточна турнеја.

Според израелската статистичка служба, увозот на стоки од Европа во Израел е 45,8 проценти од вкупниот увоз за првите 11 месеци од 2014 година, а извозот за Европа е 35,8 отсто. Израелскиот извоз за Азија е 22,5 отсто, а увозот е 25,4 проценти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут

Израел не се откажал од ракетирање на иранските нуклеарни постројки

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран