Поплавите во индиската држава Гуџарат однесоа над 200 жртви

Од:

Повеќе од 200 лица загинаа во западната сојузна држава Гуџарат, како последица на катастрофалните поплави што го зафатија овој дел од Индија, соопшти денеска владата во Њу Делхи.

Бројот на жртвите двојно се зголеми во последните два дена, откако спасувачките екипи открија повеќе од 100 удавени човечки тела, по повлекувањето на каливата вода.

Во владиното соопштение се вели дека над 450 илјади лица биле погодени со надојдените води и поплавите во сојузната држава Гуџарат.
Годинешнава сезона на монсуните, кога во земјата врнат обилни дождови, предизвикувајќи нагло нараснување на нивото на реките, чии брегови не се никаде регулирани, предизвика штети во 20 индиски сојузни држави.

Медиумите во Њу Делхи јавуваат дека големи поплави и човечки жртви има и во североисточната држава Асам, каде стотици илјади лица морале да ги напуштаат своите домови, пред надојдените води.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди кој е во посета на Асам најави помош од владата за настраданото население.

Медиумите откриваат дека луѓето не чекаат на ветената помош за санирање на штетите, па населението во некои делови од Гуџарат, каде водата сосема се повлекла веќе се вракаат во своите домови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати