Понта: Романија не е подготвена да се приклучи кон еврозоната во следните пет години

Од:

Романија не е подготвена да се приклучи кон еврозоната во следните пет години, изјави денеска премиерот Виктор Понта, цитиран од ИТАР-ТАСС.

-За нас сега многу поголемо значение има почитувањето на темпото на економскиот развој и раст, така што до 2019 година економските стандарди на нашата држава да можат да соодветствуваат со општоевропските. Тогаш ќе можеме да одлучиме околу нашата главна задача – да ја подготвиме земјата за влез во еврозоната, изјави романскиот премиер.

Понта изрази надеж дека „антикризните мерки што се применуваат во еврозоната ќе дадат резултат до крајот на оваа деценија“.

Според Понта, Владата на Романија треба уште многу да поработи на нивото на инфлацијата, вработеноста на населението и другите економски прашања. Тој подвлече дека во Букурешт внимателно следат какви интеграциски чекори презема Полска за тоа прашање, „земјата која многу побрзо од Романија се придвижи во спроведувањето на структурните реформи“.

Приклучувањето кон еврозоната во 2012 година беше приоритетна задача за романската Влада. Потоа, меѓутоа, од програмата на Владата беше повлечена точката во која како краен рок за влез во еврозоната се посочуваше 1 јануари 2015 година.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски