Понта: Романија има проекти со Кина во вредност од над шест милијарди евра

Од:

Инвестициските проекти во енергетиката и инфраструктурата, што Романија ги има со Кина, се со вкупна вредноста од над шест милијарди евра, изјави романскиот премиер Виктор Понта.

Тој наведе дека проктите во енергетиката и инфраструктурата значат работни места, енергетска независност за Романија.

Понта, кој минатата недела беше во посета на Кина, истакна дека сака Романија да гради односи со земји кои се надвор од Европската унија.

– Уште повеќе поради тоа што Романија ги поддржува и верува дека се неопходни економски санкции кон Русија поради прекршување на меѓународното право и вмешувањето во кризата во источна Романија. Тоа значи дека за сите ромнански производители треба да најдам нови пазари, да најдам нови инвестиции, да имаме работни места и да можеме да го продолжиме економскиот раст, потенцира Понта.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година