Понта: Ќе поднесам оставка доколку треба Басеску да го номинирам за премиер

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта синоќа за една локална романска телевизија изјави дека доколку биде ставен во ситуација да го номинира актуелниот шеф на државата Трајан Басеску за премиер на земјата тој повеќе ќе претпочита да поднесе оставка на функцијата претседател, соопштуваат романските медиуми.

Виктор Понта е фаворит на претседателските избори во Романија, што треба да се одржат на 2 ноември.

Во романскиот медимски и јавен простор се шпекулира дека целта на новата опозициска партија Народно движење е да биде „политичкиот носител на поддршката на Трајан Басеску за функцијата премиер на Романија“, а за тоа зборува и поранешниот советник на претседателот Себастијан Лазароју.

-Господин Басеску нема да стане премиер затоа што јас ќе треба да го номинирам. Ако има 50 проценти од гласовите плус еден, повеќе ќе претпочитам да поднесам оставка од функцијата претседател, отколку да го номинирам Трајан Басеску, изјави Понта за Романија ТВ (Romania TV).

„Сметам дека еден премиер со манталитетот и со мислењето на Басеску е кошмар, една катастрофа за Романија и никогаш нема да потпишам такво нешто“, рече Понта во одговор на прашањето дали ќе соработува со Басеску како премиер, доколку тој биде избран за претседател.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година