Понта го предложи Мелешкану за шеф на дипломатијата

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта го информирал претседателот Трајан Басеску дека поранешниот министер за одбрана Теодор Мелешкану го номинира за министер за надворешни работи по оставката на Титус Корлицијан.

Мелешкану во септември поднесе оставка од функцијата директор на Службата за надворешно раузнавање, за да учестува во првиот круг од претседателските избори како независен кандидат. Тој освои 0,85 отсто од гласовите и подоцна изјави дека го поддржува кандидатот на социјалдемократите Виктор Понта во вториот круг од изборите, кои ќе се одржат на 16 ноември.

Титус Корлицијан изјави денеска дека го информирал премиерот Понта дека поднесува оставка, откако проблемите при организацијата на првиот круг од претседателските избори им оневозможија на голем број Романци во странство да гласаат.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година