Понта фаворит за победа на претсдателските избори во Романија

Од:

Кандидатот на Социјалдемократската партија, Националата унијата на прогресот и Конзервативната партија, Виктор Понта се очекува да освои 40 проценти од гласовите на претседателските избори во Романија, што ќе се одржат во недела, покажуваат резултатите од анкетата на институтот ЧСЧИ.

Според анкетата, спроведена од 27 до 29 октомври, главниот проитвкандидат на Понта, Клаус Јоханис од Христијанско-либералната унија, во првиот круг од изборите би добил 29 проценти од гласовите.

На третото место е независниот Калин Попеску Таричану со осум проценти, пред кандидатката која важи за блиска до актуелниот претседател Трајан Басеску, Елена Удреа од Народната партија со шест отсто и независниот кандидат Моника Маковеј со пет проценти.

Доколку ниту еден кандидат не освои мнозинство во недела, на 16 ноември ќе се одржи вториот круг од претседателските избори, на кои, според ова истражување, 55 отсто од испитаници би се изјасниле за Понта, кој е актуелен премиер и лидер на Социјалдемократската партија, а 45 отсто за првиот човек на либералите и градоначалник на Сибиу, Клаус Јоханс.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски