Помпео во Унгарија предупредува на „Хуавеј“

Од:

САД ќе бидат приморани да го намалат опсегот на некои операции во Европа и на други места, ако државите од тие подрачја продолжат да соработуваат со кинеската компанија „Хуавеј“, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео при посетата на Унгарија.

„Хуавеј“ е многу присутен во Унгарија, а Помпео рече дека на премиерот Виктор Орбан и другите функционери ќе им објасни дека соработката со таа компанија претставува ризик за информатичката безбедност и приватност и оти би можела да влијае врз соработката со САД.

Вашингтон е многу загрижен поради ширењето на „Хуавеј“ во Европа, особено во членките на НАТО, како што е Унгарија, потсетуваат светските агенции.

– Тие се суверена држава. Донесуваат сопствени одлуки за ваки работи. Она што е императив, е со нив да ги поделиме сознанијата што ги имаме за ризикот кој го претставува присуството на „Хуавеј“ во нивните мрежи и вистинските ризици за народот. По губењето на приватноста на нивниот народ, реален е ризикот дека Кина тоа ќе го искористи на начин кој не е во најдобар интерес на Унгарија. Имаме обврска тоа да го поделиме со нив и ќе го направиме тоа. Но, ова го гледаме ширум светот. Тоа исто така создава проблеми за американското присуство, односно ако таа опрема е присутна таму каде што има важни американски системи, ни отежнува да бидеме партнери, рече Помпео.

САД повеќе пати ја обвинија Кина дека користи технологија за да краде тајни, додека официјален Пекинг го демантираше тоа и порача дека САД сакаат да ги „задушат“ конкурентите.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски