Помпео и Коно: Ќе соработуваме со Јужна Кореја за развојот на ситуација на Корејскиот полуостров

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коно денеска разговараа телефонски за развојот на ситуацијата на Корејскиот полуостров, откако Северна Кореја лансираше неколку неидентификувани проектили.

Како што пренесуваат светските агенции, Помпео и Коно, во 10-минутниот разговор, се согласиле да соработуваат со Јужна Кореја.

Министерството за одбрана на Јапонија претходно соопшти дека севернокорејските проектили не паднале на јапонска територија, ниту во нејзина близина и дека земјата не е безбедносно загрозена.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандер, пак, денеска изјави дека САД го следи лансирањето на ракетите на Северна Кореја, откако јужнокорејската армија соопшти дека Пјонгјанг испали неколку проектили со краток дострел од источниот брег на земјата кон океанот.

– Свесни сме за активностите на Северна Кореја и ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата, рече Сандерс.

Јужнокорејската армија претходно соопшти дека Северна Кореја денеска испали неколку проектили со краток дострел од источниот брег на земјата, кои летаа од 70 до 200 километри во правец на североисток.

Првично, од Сеул беше кажано дека е во прашање лансирање на ракета, но армијата подоцна даде друг опис на настанот.

Како што пренесуваат странските медиуми, доколку станува збор за ракета, тоа ќе биде првото лансирање откако Северна Кореја во ноември 2017 година испали интерконтинентална балистичка ракета.

Веднаш потоа, Пјонгјанг соопшти дека нуклеарниот арсенал на земјата е комплетиран, а потоа изрази подготвеност за мировни преговори со Јужна Кореја и САД.

Аналитичарите оценуваат дека Пјонгјанг го зголемува притисокот врз САД, по неуспешниот февруарски самит во Ханој за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија