Помпео до Ирачаните: Ако не сакате да бидете со нас, стојте на страна

Од:

Американскиот државен секретар им порачал на ирачките власти дека ако во спорот меѓу Вашингтон и Техеран не сакаат да застанат на страната на САД, тогаш нека „се тргнат на страна“, соопштија извори од Владата во Багдад.

Истите извори посочуваат дека ваквата порака на Багдад му била испратена преку двајца членови на ирачката Влада.

Тие нагласуваат дека Ирак сега се наоѓа во многу сложена ситуација, имајќи пред вид дека е сојузник и со САД и со Иран.

Ирачкиот политички аналитичар Ватег ал Хашими посочува дека во Ирак се стационирани над 5.000 американски војници, но и дека постои силна проиранска милитантна група.

– Ако државата не може да ја стави под контрола проиранската милитантна група, Ирак ќе стане сцена на иранско – американскиот судир, смета Ал Хашими.

Американските војници се повлекоа од Ирак во 2011 година, но во 2014 година во земјата беа распоредени нови припадници Вооружените сили на САД, откако џихадистичката група Исламска држава презеде контрола врз голем дел од ирачката територија.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија