Помош за градови во Канада што се отсечени поради поплавите

Од:

Хеликоптери доставуваат храна до луѓе во градовите отсечени поради големите поплави и лизгање на земјиштето во канадската провинција Британска Колумбија додека некои региони се подготвуваат за повеќе врнежи во следните неколку дена.

Одрони уништија патишта и мостови и го прекинаа пристапот до најголемото пристаниште во земјата во Ванкувер, нарушувајќи ги глобалните синџири на снабдување кои веќе се борат со проблемите предизвикани од Ковид-19.

Канадската провинција Британска Колумбија денеска најверојатно ќе воведе вонредна состојба за да помогне во санирањето на штетите предизвикани од големите поплави. Одроните предизвикани од поројните дождови уништија неколку главни патишта и загина едно лице.

За два дена во Британска Колумбија наврна дожд колку и обично во тек на цел месец.

Би можело да ве интересира

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција за одземање на канадското државјанство на Маск

Силен земјотрес ја погоди Канада