Поморски маневри на Јужна Кореја и САД по серијата севернокорејски балистички проби

Од:

Јужна Кореја и САД денеска почнаа заеднички поморски вежби, со учество на американски носач на авиони, соопшти јужнокорејската армија. Поморските маневри ќе се одржат во водите во близина на источниот брег на Јужна Кореја денеска и утре, соопшти началникот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Вежбите се одржуваат откако Северна Кореја изврши серија проби на балистички ракети, од кои неколку вчера, а подоцна во текот на денот имаше и летови на борбени авиони на севернокорејската авијација во близина на границата со Јужна Кореја.

„Ќе продолжиме да ги зајакнуваме нашите оперативни способности и подготвеноста да одговориме на какви било севернокорејски провокации преку заеднички вежби со ударната група носач на авиони “Ју-Ес-Ес Роналд Реган’“, соопшти началникот на Здружениот штаб на Јужна Кореја.

Високопоставени одбранбени претставници на Јапонија, Јужна Кореја и на Соединетите Држави разговараа за најновите случувања, осудувајќи ги ракетните проби на Северна Кореја и се согласија дека неодамнешните трилатерални поморски вежби ја подобриле нивната способност да одговорат на Северна Кореја, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина