Помилуван поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјунг Бак, беше осуден на 17 години затвор

Од:

Поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјунг Бак, кој беше осуден на 17 години затвор за корупција, денеска доби помилување од претседателот, соопшти министерот за правда во Сеул.

– Ли е на списокот од повеќе од 1.300 осуденици кои добија специјално помилување „во рамките на поширокото национално единство преку помирување, толеранција и почитување, изјави министерот Хан Донг-хун по состанокот на Советот на министри со шефот на државата Јун Сук-Јеол.

Ли требаше да ја одлежи затворската казна до 2036 година, кога ќе наполнеше 95 години.

Во јуни, Ли беше условно пуштен од затвор со кауција поради неговата возраст и болест.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Јун Сук-Јол го напушти притворот во Сеул

Горан Наумовски