Официјалната установа за превентивна политика на Виена „Помагачи на Виена“ ги повика граѓаните да набават привремени залихи заради надминување на можните проблеми во снабдувањето.
Во летокот, кој им е доставан на граѓаните, тие се советуваат да се снабдат со залихи од вода и долготрајни намирници.
Потпретседателот на здружението, Хари Копиц, кој е претседател на Собранието на покраината Виена укажува дека снабдувањето со вода е обезбедно, но дека секогаш нешто може да се случи.
Тој нагласи дека на пример земјотрес, може да го прекине снабдувањето со вода.
– Поради тоа е корисно во домовите да се чуваат вода и намирници за околу три дена, додаде Копиц.
Тој укажа и дека може да дојде до прекин на снабдување со струја, опасност за која веќе долго време се дискутира во Европа, а без струја не работат супермаркетите.
Здружението исто така ги советува граѓаните за помали повреди да се подготват во своите домови, со тоа што ќе набават комплет прва помош, но и да имаат знаење од таа област.
Исто така се советуваат да набават едноставни извори на енергија и светло, како и радио на батерии, со цел во случај на прекин на снабдувањето со струја да добијат корисни и важни информации.