Помагаат на бегалците како во времето на Берлинскиот ѕид

Од:

Ал Џезира

Се почна кога патуваше за северна Франција и застанала во бегалскиот камп Џунгла во Калаис, па започнала разговор со маж кој побегнал од Еритреја.

– Сфатив дека патувам со автомобил и дека имам можност да земам некој со мене, а тој нема други опции – рекла една Германска за Ал Џезира.

Оваа 28 годишна жена не сакаше да и го откриеме името бидејќи нејзините постапки можат да ја однесат во затвор, до 10 години. Ни рече дека до сега помогнала на двајца бегалци да влезат во Германија и на еден да влезе во Данска.

Додека седеше во аголот на голема празна канцеларија во Берлин, ни го раскажа своето искуство околу помагањето на бегалците да влезат во државата.

– Секако дека бев исплашена првиот пат, поради тоа што најлошо може да ми се случи – објасни таа. – Но, постои и она најлошо што може да се случи на лице кое сака да ја помине границата, а тоа е сосема друга работа.

Таа помогнала на бегалците во време кога бегалската состојба ја опишуваа со зборовите – најголем број на бегалци баратели на азил и интерно раселени лица по Втората светска војна.

Тајно патување

Во првата половина на 2015 година, над 220.000 бегалци побарале азил во Германија. Многу од нив дошле од завојувани држави како што се Сирија, Ирак, Афганистан, Сомалија и Еритреја. Германката и Еритреецот се договориле каде да се најдат, а подоцна тргнале од Калаис за Берлин со нејзиното возило.

– Мојот пријател и јас возевме цела ноќ – рече таа. – Со оглед на тоа дека не го планиравме тоа, бевме исплашени. Ги избегнувавме големите бензински пумпи и го полневме резервоарот во помали села.

Се присети на благодарноста која мажот и ја искажал кога конечно дошле во нејзиниот дом. – Беше убаво да се види како лицето кое го земавме беше многу среќно поради нашата солидарност – рече таа.

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија ќе прими околу 800.000 баратели на азил, пред крајот на годината. Во последните неколку дена илјадници бегалци преминаа од Унгарија во Австрија и Германија, а многу од нив ги поздравија со повици за добредојде.

Но, не се чувствуваат сите Германци вака. Одредениот број бегалци кои сакаат да дојдат во Германија исто така предизвика реакции на омраза.

Според податоците на организацијата за човекови права Pro Asyl, забележани се 359 напади на барателите на азил и нивните домови, оваа година. Тоа е повеќе од дупло во однос на цела 2014.

 Лекции од минатото

Германката се опиша со изразот fluchthelferin, што може да се преведе како лице кое помага на бегалци, израз кој има корени во поновата историја на Германија.

Историски, fluchthelferin наспроти schleppera шверцер на луѓе, е лице кое помагало на луѓе да побегнат од комунистичка Источна Германија по Втората светска војна.

На многу од овие помошници на бегалците подоцна се доделени највисоки ордени за цивили во децениите пред падот на Берлинскиот ѕид, а и се уште се сметаат за херои кои помагале на луѓе да дојдат до слобода.

Група активисти од организацијата Peng Collective, инспирирана од приказната на оваа 28 годишна жена и историјата на хуманитарниот пристап кон бегалците, покрена иницијатива Fluchthelfer.in. Работат волонтерски и на цивилите и на активистите даваат совети како преку граница да превезат бегалци без документи, а да не бидат фатени.

Тука волонтерите исто така можат да набават опрема за почетниците, која вклучува мапи на алтернативни патишта преку граница, чист телефон со нова СИМ картичка да се избегне прислушкување, па дури и затемнувачки стакла што на власта отежнува да види кој се вози позади. Што е најважно, на ова место можат да се најдат совети што да се прави ако ве запре полиција.

На страницата е поставена и една видео снимка во траење од 2,5 минути инспирирана од едно искуство на Германката која превезува бегалци преку граница.

На активистите им се закануваат казни

Макс Талбах од организацијата Peng Collective истакна за Ал Џезира за правната контроверза во врска со оваа иницијатива.

– Законот моментално помошниците на бегалците ги гледа како криминалци, но ние веруваме дека учебниците по историја ќе не ослободат. Истото се случува речиси на сите движења од овој вид – објасни тој.

Талбах кој има 26 години, додаде дека од клучн значење да бидете подготвен пред да се пријавите да бидете fluchthelfer.

Лице кое ќе го фатат додека помага на некој да премине некоја од европските граници без соодветна документација, може да добие до 10 години затвор или може да биде обвинето за шверц на луѓе. Исто така можни се и парични казни.

– Често случаите се отфрлуваат на суд, бидејќи тешко се докажува намерата. Па сепак, покренавме кампања за собирање на средства за помош при плаќање на правни такси за помошниците.

Двајца помошници се обвинети за трговија со луѓе откако е покрената иницијативата и овој фонд им помага.

– Со кривичното гонење на луѓе кои помагаат на бегалците, се криеме од вистинскиот проблем. Не се бавиме со прашањата зошто луѓето се присилени да одат во чамци или камиони – рече Талбах.

– Европската унија е одговорна за оваа состојба бидејќи ги затвори сите свои граници пред овие луѓе. Ние сакаме на овие луѓе да понудиме безбеден пат. Не треба да ги ризикуваат животите во камиони.

Активистите на иницијативата fluchthelfer.in моментално работат на делницата меѓу Будимпешта и Виена каде организираат автобуси како помош на бегалците да дојдат до Виена.

– Многу сме среќни поради моментално отворената граница. Се надевам дека вака ќе остане трајно и дека ова не е само исклучок – рече Талбах за Ал Џезира во телефонски разговор со австриско-унгарската граница.

Еден бегалец од северна Африка, кој моментално живее во камп во Германија, зборуваше за проблемите на кои наишол во своето макотрпно патување кон Европа. – Морав да побегнам од татковината бидејќи имав проблеми. Мојата татковина не е демократија. Ако кажете нешто погрешно, ќе ве фатат и ве ставаат во затвор – рече тој.

Патував со пријателите

Тој сега аплицирал за азил во Германија и чека одлука, па не сака да го открие своето име. Вели дека не би успеал да стигне до Германија ако немало помошници на бегалците кои го повезле во својот автомобил од Италија.

– Има многу контроли во автобусите и возовите. Некогаш контролираат и автомобили, но поголеми се шансите да успеете – рече тој. Затоа таа помош беше важна.

Патувањето по вообичаените рути претставува друг вид на пречка за бегалците. Даблинската регулатива е контроверзна, бидејќи става преголем притисок на државите во јужна Европа преку кои бегалците влегуваат во Европа, одредува барателите на азил да аплицираат за азил во првата држава на ЕУ во која ќе влезат.

– Ако ве фатат некаде на пат, ви зимаат отпечатоци и потоа многу тешко може да се аплицира за азил било каде на друго место – објасни момчето.

Иницијативата на Fluchthelfer.in му помогнала да најде утеха и сочуство во Европа, истакнал тој.

– Имав доверба во овие луѓе. Бев многу уморен бидејќи секогаш морав да трчам и никогаш не знаев што ме чека. Но, кога патував со овие луѓе беше како да патувам со пријатели – рече тој.

– Знаев дека можат да не фатат, но многу е подобро чуството кога знаете дека луѓето ова го прават зошто сакаат да ви помогнат.

Би можело да ве интересира

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он