Полскиот претседател предупреди на опасноста од империјализмот

Од:

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска, за време на прославата на 81-годишнината од почетокот на Втората светска војна, предупреди на опасностите од империјализмот.

– Ова место е симбол на херојството на полските војници и предупредување за целиот свет против империјализмот и бруталната политика што доведе до војна, рече Дуда на полуостровот Вестерплате, поранешна воена база, која беше нападната од германските сили на 1 септември 1939 година.

Премиерот Матеуш Моравиецки го облежа почетокот на германскиот напад врз Полска во Виелун, град бомбардиран од Луфтвафе рано утрото на 1 септември 1939 година.

– Ова е место каде беа откриени варварските намери на Германците – геноцид и истребување, потсети Моравјецки во Виелун.

Прва цел на германскиот бомбардирање беше градска болница.

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани