Полскиот премиер побара гласање на доверба на Владата

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск денеска побара Парламентот да гласа за доверба на неговата Влада, поради скандалот со тајните записи од разговорите на високи владини претставници, кој ја предизвика најсериозната политичка криза во Полска во последниве години.

– Му предлагам на претседателот на Сејмот да организира гласање на доверба во најскоро можно време – изјави Туск.

Аналитичарите проценуваат дека Владата на Туск ќе го преживее гласањето, бидејќи неговата партија Граѓанска платформа и нејзиниот помал коалициски партнер, Полската народна партија (ПСЛ) имаат стабилно мнозинство во Парламентот.

Веднаш по барањето на Туск, ПСЛ соопшти дека нејзините пратеници ќе ја поддржат Владата.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците