Полскиот премиер Моравјецки предупредува на заканата за иднината на ЕУ

Од:

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во писмо што денеска го испрати до европските лидери предупреди дека постои ризик Европската унија да стане „организација што централизирано се управува од институции без никаква демократска контрола“.

Тој смета дека тоа е „опасен феномен што ја загрозува иднината на Унијата“, но исто така нагласува дека Полска ќе остане „лојална членка“ на Европската унија.

Моравјецки, исто така, ги повика европските лидери да останат „отворени за дијалог за реформите во ЕУ“.

„Искрено верувам дека заедно, во духот на почитта и разбирањето, без да ја наметнуваме волјата на другите, можеме да најдеме решение што ќе ја зајакне нашата Европска унија“, додаде тој во писмото до европските колеги.

Писмото беше испратено пред самитот на ЕУ оваа недела и по пресудата на полскиот Уставен суд со кој се доведе во прашање приматот на европското право, што според многу аналитичари може да биде првиот чекор кон излегувањето на Полска од Унијата.

Полскиот суд заклучи дека некои одредби од европските договори се „некомпатибилни“ со полскиот Устав и го предупреди Судот на правдата на ЕУ да не се меша во судските реформи во Полска.

Европската унија смета дека овие реформи ја поткопуваат независноста на судството и можат да го вратат демократскиот напредок.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази