Полски војник убиен во Авганистан

Од:

Еден полски војник е убиен, а двајца други се ранети денеска при самоубиствен бомбашки напад во Авганистан, соопшти Ккомандата на Армијата на Полска.

Во соопштението се нагласува дека полскиот војник бил убиен кога бомбаш-самоубиец активирал бомба што ја носел со себе, додека крај него минувале колона возила на Меѓународните сили за поддршка на безбедноста (ИСАФ) во Авганистан. Убиениот војник бил возач на едно од возилата на ИСАФ.

Според полската Армија, двајцата ранети војници се вон животна опасност.

Претходно, командата на ИСАФ во Кабул соопшти дека денеска при напад врз припадници на Меѓународите сили биле убиени тројца странски војници и биле ранети 13 цивили.

Во соопштението на ИСАФ се псочува дека нападот, за кој одговорност презеле талибанските бунтовници, се случил недалеку од Амбасата на САД во Кабул.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он