Полски ресторан забрани влез за руски туристи

Од:

Во срцето на крајбрежниот полски град Гдињ неодамна е отворен ресторан на чија врата пишува: Забранет влез за поддржувачите на Путин, а дозволен за гости со кучиња.

Името на угостителскиот објект е „Мала Украина”, а сопственик е Украинец.

Иако кај мнозинството Полјаци, постои голема антипатија кон рускиот претседател Владимир Путин, која постојано ја истакнуваат јавно, сепак ваквиот натпис предизвика негативни реакции во јавноста.

– Не сум поборник на мешање на политиката со туризмот, изјави Лукаш Магриан, заменик директор на Поморскиот регионален туристички сојуз.

Ова не е првпат во полските ресторани да се појави ваква форма на протест кон Русите и таквите чекори секогаш наидуваат на осуда од локалните и туристичките власти.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он