Полски обвинители поднесоа барање за екстрадиција на Роман Полански во САД

Од:

Полски обвинители испратија до Окружниот суд во Краков барање за екстрадиција во САД на познатиот режисер Роман Полански, кој е осуден за сексуално злоставување на малолетничка во 1977 година.

Договорот за екстрадиција овозможува полски државјани да им бидат предадени на САД. Независно од тоа, што случајот на Роман Полански е застарен, согласно полските закони, американските власти можат да побараат тој да им биде предаден. Натамошните активности во врска со овој случај зависат од судот, се наведува во соопштението на краковското окружно обвинителство.

Датумот за судското рочиште се уште не е утврден. Доколку судот не се согласи да го екстрадира Полански во САД, одлуката ќе биде конечна. Во спротивно последниот збор ќе го има полскиот министер за правда.

Во 1977 година Полански призна дека е виновен по обвинението за незаконски сексуален однос под дејство на алкохол и дрога со тогаш 13-годишната Саманта Гејмер. Режисерот одлежал само 42 дена од 90-дневната пресуда. Една година подоцна тој си заминал од САД, стравувајќи дека судиите ќе ја повлечат одлуката и ќе го осудат на долгогодишна робија.

Во 2009 година Полански беше уапсен во швајцарскиот град Цирих по покренување на американска потерница и ставен во домашен притвор. Во 2010 година тој е ослободен, откако швајцарските власти одлучија да не го екстрадираат во САД.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази