Полски хулигани нападнаа воз, 10 повредени

Од:

Најмалку десет лица се поведени во Полска кога 200 маскирани хулигани упаднале во еден патнички вози и предизвикале масовна тепачка со навивачи кои патувале на натпреварување во мешани боречки вештини (ММА), пренесува Макфакс.

Радио Гданск јави дека инцидентот се одиграл во саботата доцна вечерта во близина на железничката станица Абанка кога групата хулигани насилно го запрела возот на линијата Елблонг – Гдињ, откако композицијата претходно била нападната со камења, а потоа влегле во вагоните и започнале масовна тепачка.

Според извештајот на полската национална телевизија напаѓачите, исто така, се обиделе да извлечат од возот неколку луѓе, но не успеале.

Во насилствата биле повредени најмалку десет лица, од кои неколкумина се здобиле со повреди во главата. Повредените се префрлени во локалната болница, а полицијата работи на утврдување на околностите инцидентот.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он