Полската влада планира уставни измени со цел зголемување на трошоците за одбрана

Од:

Полската влада сака да направи измени во Уставот за да ги зголеми трошоците за одбрана и да ги заплени имотите на руските олигарси по руската инвазија на Украина, изјави во понеделникот владиниот портпарол.

Во Законот за одбрана на татковината, кој што е усвоен овој овој месец се предвидува дека полските трошоци за одбрана ќе се зголемат за 3 отсто од БДП, што би можело да резултира со надминување на буџетските прагови предвидени со уставот.

„Полската армија во моментов мора да биде опремена по највисоки стандарди, така што една од предложените измени на уставот ќе биде исклучување на воените трошоци и трошоците за оружје од јавниот долг“, рече Пјотр Мулер. Тој рече дека друг проблем што бара промени во уставот е можноста за конфискација на имотот на руските олигарси и компаниите кои ја поддржуваат руската инвазија на Украина.

„Парите потоа може да се потрошат за хуманитарна помош“, рече Мулер.

Владата, исто така, сака да наметне нови даноци на компаниите кои продолжуваат да работат во Русија.

„Расправата по овие прашања е почната и се надеваме дека овие предлози ќе бидат усвоени. Отворени сме за дебата“, изјави Мулер.

Измените во Уставот бараат двотретинско мнозинство во Долниот дом на Парламентот и апсолутно мнозинство во Сенатот, со кој доминира опозицијата, така што овие владини предлози ќе треба да бидат поддржани и од останатите партии.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази