Полската црква нема да им плати обесштетување на жртвите на сексуално насилство

Од:

Портпаролот на полската Католичка црква, Јозеф Клох изјави дека црквата нема да им плати обесштетување на жртвите, кои биле сексуално злоупотребувани од страна на свештеници.


Клох истакна дека за исплата на обесштетување се одговорни сторителите на злосторствата.


Тој со оваа изјава реагираше на барањето за исплата на отштета од 64.000 долари, од страна на еден 25-годишник, кој тврди дека бил секусално злоупотребуван од страна на свештеник. Тој ги тужеше локалните црковни власти и главниот свештеник.


Во Полска досега 27 католички свештеници се осудени поради педофилија.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците