Полската црква го оправда постоењето на „кутиите за бебиња“

Од:

Поглаварот на Полската римокатоличка црква, аргхиепископот Јозеф Ковалчик денеска го оправда постоењето на така наречените „кутии за бебиња“, во кои мајките можат анониомно да го остават несаканото бебе.

Изјавата на Ковалчик уследи откако Обединетите нации апелираа да бидат забранети „кутиите за бебиња“.

Архиепископот Ковалчик истакна дека тие „прозорци на животот“ спасуваат човечки живот и се дел од традицијата на Полска, додавајќи оти земјата има „сопствен идентитет, култура и совест“.

Во ноември Комитетот на ОН за правата на детето соопшти дека „кутиите за бебиња“ треба да бидат забранети, бидејќи со тоа се лишуваат децата да научат кои им се родители.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он