Полска забрзува со постапката на купување нови борбени хеликоптери заради кризата во Украина

Од:

Министерството за одбрана на Полска денеска соопшти дека заради вооружениот конфликт во соседна Украина ја забрзува процедурата за купување нови борбени хеликоптери, пренесоа американските медиуми.

Портпаролот на министерството Јацек Сонта информира дека е поместен на напред крајниот рок за разгледување на понудите за испорака на 30 нови летала, што ќе ги заменат застарените руски „Ми-24“.

Меѓу десетте модели напаѓачки хеликоптери, што и се понудени на Полска, се наоѓаат „Апачи Еј Ејч-64 И“ на американската компанија „Боинг“, „Јурокоптер Тајгер“ на француско-германскиот конзорциум и британско-италијанските „Агуста Еј Дабл Ју 129“.

Полковникот Сонта забележа дека министерството „со загриженост го следи развојот на настаните во источна Украина“.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците