Полска забрани увоз на јаглен од Русија

Од:

Полската Влада денеска одлучи да забрани увоз на јаглен од Русија, како дел од сеопфатната стратегија за намалување на енергетската зависност, која доби нова итност по инвазијата на Москва врз Украина.

Полска ќе воведе парични казни за сите приватни субјекти кои увезуваат руски јаглен во Полска, а полските цариници ќе вршат проверки, изјави владиниот портпарол Пјотр Милер.

Тој додаде дека Полска повеќе не може да чека целата Европска унија да ја усвои таа политика.

Полска произведува голем дел од сопствениот јаглен, но исто така се потпира на увоз. Рускиот јаглен сочинува 13 отсто од горивото што го користи на годишно ниво.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани