Полска: Во фабрика 76 лица се отруле со јаглен-моноксид

Од:

Седумдесет и шест вработени во прехрамбена фабрика во Квиџини, на северот на Полска се отруле со јаглен-моноксид, а 73 од нив веднаш се пренесени во болница.

Седумина вработени во болницата се примени со симптоми на тешко труење.

Пожарникарите ја евакуирале фабричката сала во која измериле десет пати поголема вредност на јаглен-моноксид од допуштениот, како и продавницата во која што се продава преработено овошје и зеленчук.

Се уште не е позната причината за високата концентрација на отровниот гас, а се претпоставува дека виновници може да бидат гасовите од моторните возила во салата.

Тивкиот убиец, како што Полјаците го нарекуваат јаглен-моноксидот нема боја и мирис, а е виновен што секоја грејна сезона умираат околу 100 лица.

Полицијата и противпожарната единица секоја зима ја потсетуваат државата да ја провери состојбата на грејната инсталација.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците