Полска специјална служба бара протерување на 45 руски дипломати осомничени за шпионажа

Од:

Полската агенција за внатрешна безбедност подготви список од 45 руски дипломати осомничени за шпионажа и побара нивно протерување од земјата, изјави портпаролот на координаторот на полските разузнавачки служби Станислав Зарин.

– Тоа се луѓе кои работат под дипломатски статус, но всушност вршат разузнавачки активности против Полска, рече Зарин.

Тој додаде дека на оваа листа, која е предадена на Министерството за надворешни работи, има вработени во руските специјални служби, како и лица кои соработуваат со нив.

Владиниот портпарол изјави дека рускиот амбасадор е повикан во Министерството за надворешни работи и по средбата ќе бидат објавени одлуките за понатамошните чекори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек