Полска повторно одби да одговори на наводите за тајни затвори на ЦИА

Од:

Полската Влада по вторпат за една година одбива барање на Европскиот суд за човекови права да даде информации во врска со наводи дека на територијата на државата има тајни затвори на ЦИА.

– Доколку владата детално одговори на сите прашања на судот со тоа би можела да се вмеша во надлежност на полското обвинителство и судство, се вели во одговорот од полските власти до Судот, а во кој имале увид западни медиуми.

Полска е единствена држава во која се води домашна кривична истрага за тврдењата дека на нејзино тло се наоѓаат тајни затворски објекти на ЦИА.

Доколку се докаже дека полски официјални лица дале согласност за тие затвори, според полските и меѓунардони закони тоа би било злосторство.

Судот со седиште во Стразбур се обидува да утврди колку блиску Полска соработувала во тајните американски операции против исламистички милитантни активисти. Европскиот суд се обидува да добие одговор од Полска за наводите на Саудиецот Абу Зубајдах кој тврди дека пред 10-на години бил затворен и брутално испрашуван во објект на ЦИА на север во Полска.

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази

Хавковски: Зеленски сака Полска да соборува ракети над Украина