Полска потврди дека е подготвена да ги обучи украинските пилоти да управуваат со борбени авиони Ф-16 по зеленото светло од Вашингтон.
„Подготвени сме да обучуваме пилоти за авионите Ф-16, но обуката се уште не е започната“, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел за воената поддршка за Украина.
Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, претходно тврдеше дека обуката во Полска е веќе започната. На обуката имаат намера да учествуваат и други земји.
„Добивме зелено светло од Вашингтон за обука на авиони Ф-16 и работиме на конкретен календар за да започнеме. Важно е тоа да се направи што е можно поскоро“, изјави холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен.