Полска од Франција купи сателити за извидување за воени и цивилни цели

Од:

Полска ќе купи два сателити за извидување од вселената и станица за да ги прима нивните сигнали од Франција, согласно договор потпишан денеска во Варшава за кој Полска вели дека ќе им овозможи на нејзините вооружени сили рано да ги препознаат заканите.

Министрите за одбрана Мариуш Блашчак и Себастијан Лекорну го одобрија договорот меѓу Ербас и полската агенција за вооружување за опремување на полската армија со два сателити за извидување.

Оваа полска агенција соопшти дека вредноста на договорот е 575 милиони евра и најави дека сателитите ќе бидат во орбитата на Земјата пред 2027 година.

Полското Министерство за одбрана истакна дека благодарение на сателитите, нејзината армија ќе може да добие детални извидувачки снимки, дури и од објекти од 30 сантиметри.

Блашчак го нарече систем за рано предупредување не само за воени закани, туку и за цивилни опасности како природни катастрофи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани