Полска се надева дека ќе се забрза формирањето заедничка литванско-полско-украинска воена бригада (LITPOLUKRBRIG), рече денеска полскиот вицепремиер и министер за одбрана Томаш Шемоњак, пренесе ТАСС.
Шемоњак изјавата ја даде за време на посетата на штабот на базата на идната бригада во Лублин, заедно со украинскиот претседател Петро Порошенко.
Високиот гостин ги разгледа просториите, во кои ќе престојуваат украинските офицери, како и апаратурата во командниот центар – системот за сателитски врски, преносливите радиостаници и транспортни средства .
Во моментов во базата е распоредена полскиот дел од командата во состав од 50 офицери и батаљон од 250 војници. На крајот на нив ќе им се приклучат колегите од Литванија и Украина.
Шемоњак забележа дека желбата на Варшава е уште во текот на идната есен таму да се оддржат вежби на кои ќе учествуваат не само офицерите во штабот, туку и воените единици.
Според него, Украинците во базата ќе пристигнат на почетокот на 2015 година, во првичен број од 18 офицери.
Лублин е последната точка од програмата на официјалната посета на Порошенко на Полска. Освен со воените офицери, тој се сретна
и со студенти и претставници на општествените организации.
Членови на патриотски и националистички организации денеска демонстрираа со цел да потсетат на активностите на Степан Бандера, кого во Полска го сметаат за одговорен за убивањето на десетици илјади Полјаци во 40-те години на минатиот век.