Полска нарача јужнокорејски борбени авиони во вредност од три милијарди долари

Од:

Полска денеска потпиша договор со Јужна Кореја за набавка на 48 борбени авиони „ФА-50“ во вредност од три милијарди долари.

На церемонијата на потпишување на договорот што се одржа на воениот аеродром во градот Јанов присуствуваа претседателот на Полска Анджеј Дуда во својство на врховен командант на оружените сили и високиот претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана Ум Дон Жуан.

Документите ги потпиша и на јужнокорејската страна ѝ ги предаде Мариуш Блашчак, вицепремиер и министер за одбрана на Полска.

„До неодамна бевме партнери. Сега можеме да кажеме дека сме сојузници“, рече тој.

Според еден од договорите, првите 12 авиони во вредност од околу 700 милиони долари треба да бидат испорачани кон средината на идната година. Вториот договор, вреден околу 2,3 милијарди долари, е за преостанатите 36 авиони чија испорака е предвидена за периодот од 2025 – 2028 година.

Минатиот месец Варшава потпиша и договори за набавка на јужнокорејски тенкови и хаубици за потребите на полската армија во вредност од 5,8 милијарди американски долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани