Полска: Лажна дојава за бомба

Од:

Рестораните на американскиот ланец за брза храна „Мекдоналдс“, вчера беа евакуирани , ширум Полска, поради анонимна дојава за бомба, за која се испостави дека е лажна, соопшти полската полиција.

Полицијата изврши проверка ширум државата, за да ги провери рестораните, рече портпаролот на полицијата, Мариуш Соколовски, пренесе „Ројтерс“.

-Иако некој ќе помисли дека се работи за шега, моравме да го провериме секој објект поради ризик- изјави тој и додаде дека сега работат на пронаоѓање на лицето кое што ја упати лажната дојава.

Во Полска работат 311 ресторани на „Мекдоналдс“, во кои се вработени повеќе од 16.000 лица, наведува американската компанија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он