Полска ќе ја избегне руската забрана за увоз преку Белорусија

Од:

Полските производители на јаболка ќе успеат да ја избегнат руската забрана за увоз на производи од земјите на Европската унија и понатаму ќе извезуваат на рускиот пазар, пишуваат чешките медиуми.

Повикувајќи се на полски извори, медиумите информираат дека на многу важниот руски пазар, каде Варшава учествува со 5,3 проценти од вкупниот извоз, јаболката ќе се пренесуваат преку Белорусија, јави дописникот на МИА од Прага.

– Камионите со полски јаболка за руските супермаркети ќе дојдат од Белорусија,  каде јаболката ќе бидат префрлени во необележани контејнери и за два -три дена ќе бидат во продавницата во Санкт Петербург или во Москва, тврди Томаш Молга од полскиот интернет портал „Темат”.

Според Дамиан Вергцин од компанијата „Томрол” која со години се занимава со извоз, белорускиот канал работи сосема легално.

Официјално, Белорусија тврди дека нема да дозволи чист реекспорт на западни производи во Русија, но неофицијално експертите се повикуваат на изјавата на белорускиот претседател Александр Лукашенко кој изјави дека руското ембарго е ,,нивен проблем”.

Според Лукашенко, Белорусија може да увезува производи кои понатаму ќе ги преработува од каде сака, сепак предупредувајќи „дека треба да се води сметка тоа да не ги налути Русите и да не биде во спротивност со нивната политика”.

Во пракса, ова може да значи дека во случај на подолго траење на ембаргото, Белорусија миже да стане преработувач и реекспортер.

На пример, при увоз на американските кокошки, ќе ги исече на парчиња или на друг начин ќе ги обработи и обележани како белоруски ќе бидат извезувани на рускиот пазар.

Сепак, останува отворено прашањето дали тоа ќе биде прифатливо за Русија.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази