Полска ќе го реформира спорниот Дисциплински совет

Од:

Полска ќе го укине системот за дисциплинирање на судиите, за кој највисокиот суд на Европската унија пресуди дека ги прекршува правилата на ЕУ, соопшти денеска лидерот на полската владејачка партија во интервју за државната новинска агенција ПАП, пренесува ДПА.

Европската комисија и даде рок на Полска до 16 август да го распушти Дисциплинскиот совет, за кој ЕУ тврди дека не ја гарантира независноста на судството и ги поткопува законите на Унијата.

– Ќе го распуштиме Дисциплинскиот совет што работи во моментов и на овој начин предметот на спорот ќе исчезне, рече Јарослав Качински, вицепремиер и претседател на владејачката Партија на правото и правдата.

Полска се соочува со парични казни или губење на дел од Европскиот фонд за развој доколку ова прашање не се реши.

Но, Качински рече дека реформите во судството, вклучително и предлогот за реформа на Советот, биле веќе испланирани и ја отфрли одлуката на највисокиот суд на ЕУ.

– Не ги признавам таквите пресуди бидејќи тие јасно ги надминуваат Договорите и ја прошируваат надлежноста на судовите на ЕУ, рече тој.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази