Полска екипа на Брзата помош исфрлила мртовец на автопат

Од:

Полска е потресена од скандал предизвикан од постапката на локална екипа на Брзата помош, која по тешка сообраќајна несреќа, на автопатот оставила мртво тело завиткано во фолија, што предизвика осуда кај најголем број од населението.

Како што пренесе Чешката државна телевија, медицинарите наводно прво го земале повредениот во возилото и кога при превозот починал, се вратиле на местото на несреќата го оставиле телото крај патот и заминале.

– Не изненади тоа, не згрози. Не шокираше, изјави еден од пожарникарите кој бил на местото на несреќата.

Според портпаролот на Службата за брза помош, Марек Јеремич нивната екипа не ги прекршила правилата на однесување, бидејќи за такви случаи нема предвидени правила.

Тој, додаде дека Брзата помош треба постојано да биде подготвена, за да може да реагира и пружи помош и на друго место.

– Затоа телото било ставено во вреќа и оставено на полицијата, вели Јеремич. Портпаролот на полицијата пак, Павел Тотоцки изјави дека такво нешто гледа првпат во животот.

Овој инцидент само ја зголеми недовербата која постои во земјата за екипите на Брза помош.

Во 2002 година, неколку медицински лица беа обвинети дека намерно убивале некои од пациентите поради финансиска корист која ја добивале од погребалните претпријатија.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он