Полска: Државната нафтена компанија „Орлен“ купи 20 водечки регионални дневни весници

Од:

Полската државна нафтена компанија „Орлен“ купи 20 водечки регионални дневни весници во Полска, а многумина сметаат оти потегот е клучен доказ дека полските власти не се откажуваат од намерата за натамошно ограничување на слободата на медиумите.

„Ние го преземаме Полска прес. Благодарение на оваа инвестиција, ќе можеме да достигнеме до 17,4 милиони читатели преку интернет. Ова ќе ни помогне да го зајакнеме одделот за продажба и дополнително да ги подобриме алатките за обработка на големи податоци”, објави директорот на „Орлен“, Даниел Обајтек преку Твитер.

„Орлен“ ја купи медиумската група Полска Прес од Германската издавачка група Пасау (ВГП), која работи во Германија и Полска. Компанијата соопшти дека одлучила да ја продаде својата филијала за медиуми во Полска, која ја гради веќе 26 години, од стратешки причини.

Иако Обајтек ја претстави трансакцијата како добар деловен потег за „Орлен“, чија основна дејност е рафинирање и продажба на нафта и нафтени производи, критичарите на Владата сметаат дека оваа набавка има за цел зајакнување на влијанието на Владата врз медиумскиот сектор.

Даниел Обајтек во јавноста се смета за лојален член на владејачката конзервативна партија Право и правда.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази