Полска доби нови министри за надворешни работи и за здравство

Од:

Збигњев Рау е нов шеф на полската дипломатијата, а Адам Њеџиелски, економист и директор на Националниот здравствен фонд, е нов министер за здравство, соопшти премиерот Матеуш Моравјецки, откако нивните претходници неделава си поднесоа оставки, јавија британските медиуми.

До промени во полската Влада доаѓа во важно време и за двата ресора бидејќи Полска се справува со се поголем број случаи на коронавирус и се обидува да ја охрабри ЕУ да заземе поактивен дипломатски став кон Белорусија, каде избувнаа масовни протести по претседателските избори.

Поранешниот министер за надворешни работи Јацек Чапутович вчера поднесе оставка, а министерот за здравство Лукас Шумовски ја напушти функцијата два дена порано.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази