„Политис“: Сириските бунтовници во Кипар купуват возила за воени

Од:

Сириските бунтовници купуваат мали камиони и пикап возила во Кипар, кои потоа ги користат во борбите против владините сили во Сирија, тврди кипарскиот весник на грчки јазик „Политис“.

Според весникот, само во првите шест месеци од оваа година е евидентирана продажба на речиси 500 мали камион и пакап возила, што е тројно повеќе во споредба со претходните години.

„Политис“ наведува дека купувачи на најголемиот број од овие возила биле Арапи што живеат во грчкиот дел на Кипар. По купувањето, возилата биле пренесеувани во турскиот дел на Кипар, од каде со бродови биле транспортирани дирекно до Сирија или до Турција, од каде потоа биле префрлани до бунтовничките центри на сириска територија.

Анономен европски дипломат во Никозија ги потврдува сознанијата за зголемено купување на мали камиони и пакап возила во Кипар, при што не ја ислкучува можноста тие да биле префрлани во Сирија.

Сепак, според него, за сириските бунтовници би било многу поедноставно таквите возила да ги набавуваат во некоја соседна земја и да ги пренесуваат во Сирија по копнен пат, отколку да ги купуваат во Кипар и потоа да ги транспортираат со брод до сириска територија.

– Можно е да станува збор за операции на организирани круиминални групи, додава дипломатот, кој побарал анонимност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија