Политико: Словачка и Унгарија ја блокираат помошта на ЕУ за Украина

Од:

Премиерите на Унгарија, Виктор Орбан и на Словачка, Роберт Фицо се спротивставија на пакетот помош од 50 милијарди евра за Украина за време на самитот на Европската унија во Брисел, пишува „Политико“, повикувајќи се на неименуван дипломат.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, наводно, тврди дека поддршката за Киев не функционира, додека словачкиот премиер Роберт Фицо изрази загриженост за корупцијата во Украина.

Во петокот Орбан за радио „Кошут“ изјави дека стратегијата на ЕУ за Киев „пропаднала“ затоа што Украинците нема да победат на првата линија, а рускиот претседател Владимир Путин нема да замине.

Фицо, кој во средата стана премиер на Словачка по четврти мандат, водеше кампања на ветување дека ќе ја прекине воената помош за Украина и ги критикуваше санкциите против Русија.

Коментирајќи го самитот на ЕУ, Фицо на Фејсбук напиша дека „Словачка од денеска ќе има свое мислење во Брисел“.

Би можело да ве интересира

Украина: Поради непријателски напади, некои наши позиции се уништени

Зеленски: Заробивме Севернокорејци, ги испрашуваме во Киев

Украински беспилотни летала погодија две станбени згради во регионот Тамбов, има повредени

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Украинa: Подготвени сме да влеземе во ЕУ и НАТО на местото на Унгарија

А1он

(ВИДЕО) Русите тврдат дека освоиле важен град на патот кон Покровск