Ајриш тајмс – Даблин
Бугарија и Молдавија се соочуваат со политичка неизвесност по претседателските избори во двете држави, каде победија кандидати кои побараа потопли односи со Русија.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов минатата недела даде оставка како реакција на поразот на кандидатот од неговата партија, Цецка Цачева, и ја доведе ЕУ и НАТО членката на пат за предвремени парламентарни избори следната пролет.
Во Молдавија, Игор Додон ја слави победата за која тој вети дека ќе ја искористи да ги одбнови врските со Москва, политика која ќе го стави во судир со владата која ги гледа подлабоките интеграции со ЕУ како витални за иднината на осиромашената земја.
Поранешниот бугарски воздухопловен командант и кандидат на опозициските социјалисти, Румен Радев, доби 59,4 проценти од гласовите на гласањето на вториот круг, прилично повеќе од Цачева која освои 36,2 проценти.
Нов во политиката кој победи на основа на националистичката разочараност од владата на Борисов и од недостигот на ентузијазам за Цаќева, ген. Радев ја поздрави „победата на целиот бугарски народ. Демократијата ја победи апатијата и стравот“.
Повик за повторно зближување
Иако разјасни дека не ги става под прашалник членството на Бугарија во ЕУ и НАТО, ген. Радев привлече дел од гласачите со повикот за повторно приближување со Русија, која сеуште игра голема улога во економијата на оваа балканска држава.
-Блиску ќе работам со владата и колегите од ЕУ да дојдеме до подигнување на санкците, рече тој во однос на мерките кон Русија како одговор на анексијата на Крим од 2014 година, и поддршката на сепаратистичките милиции во Украина.
Пеесет и три годишниот ген. Радев го поздрави изборот на Доналд Трамп во САД заради „потрага по повеќе дијалог со Русија“, со напомената дека„тоа дава доста надеж за намалување на ризиците од конфронтација, посебно во Сирија“.
Борисов рече дека резултатот од изборите „јасно покажува дека владејачката коалиција веќе го нема мнозинството“.
Ниту неговата десноцентристичка партија Герб, ниту пак главната опозоциска Социјалистичка партија не сакаат да се формира нова влада со сегашниот парламент, па преодна влада ќе ја води Бугарија до предвремените избори следната пролет.
– Им се извинувам на сите оние кои ме поддржаа. Мислев дека го правам исправното, рече Борисов, поранешен телохранител кој ја формираше Герб пред една деценија.
Најсиромашни во Европа
Во Молдавија, држава сместена меѓу Украина и Романија која се смета за најсиромашна во Европа, Игор Додон освои 52,3 проценти од гласовите во неделата и ја порази поранешниот економист од Светска банка, проверопејката Маја Санд, која освои 47,7 проценти.
Лидерот на Социјалистичката партија отсекогаш повикувал на враќање кон Русија како главен стратешки партнер на Русија, спротивставувајќи и се на владата која потпиша договор за асоцијација со ЕУ во 2014 година.
Повеќето Молдавци имаа корист од стратешкото свртување на земјата кон Западот, но сепак иако повеќето официјални лица се изјаснуваат како „прозападни“, тие докажаа дека се корумпирани и некомпетентни, со што го избледнуваат чувството за интеграција со ЕУ.