Полицијата во САД идентификуваше жена која беше убиена со чекан па запалена во 1991 година

Од:

Американската полиција објави дека успеала да идентификува жена која била претепана со чекан, задавена и запалена во 1991 година. Тие тврдат дека жртва на убиството е 30-годишната Кристин Белуско од градот Клифтон во државата Њу Џерси. Окружниот обвинител на Стејтен Ајленд, Мајкл МекМахон, потврди дека неговата канцеларија, во соработка со полицискиот оддел на Њујорк и Федералното биро за истраги (ФБИ), користела современи форензички техники за да ја идентификува Белуско.

Меѓутоа, полицијата се уште не успеала да ја пронајде нејзината ќерка Криста Никола, која во моментот на смртта на нејзината мајка имала две години. „Веќе го известивме семејството за нејзината смрт и продолжуваме да вложуваме максимални напори да ја лоцираме и Криста Никол и да ја информираме која е нејзината мајка и што е направено за да се донесе правдата“, рече Мекмахон.

„Никогаш не можеме да ја вратиме, но сакаме Криста Никол да знае, како и нејзиното семејство, дека таа никогаш не е заборавена“, продолжи тој. На 20 септември 1991 година, случаен минувач го пронашол изгореното тело на жртвата со лисици на рацете на Стејтен Ајленд. Полицијата имала многу малку информации за тоа која е жртвата освен карактеристична тетоважа со скорпија на нејзината задна страна, пишува Sky News.

Белуско била удирана 17 пати по задниот дел од главата со чекан, кој бил пронајден под нејзиното тело и на него пишувало името „Лојд Л“. На местото на злосторството биле пронајдени и два златни синџири, рачен часовник, пари и кутија цигари. Сепак, полицијата се уште не успеа да го фати убиецот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Две лица загинаа во пад на мал авион во Америка

Ана Ололовска

Напад со нож во Кливленд, ранети тројца полицајци

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бајден: Америка го доби она што и требаше, спречивме економски колапс

Ана Ололовска

80 години затвор за тинејџер кој си ги уби мајката и сестрата

Бебе почина во вжештено возило, родителите додека беа на миса и го оставија само три часа

ВИДЕО: Кинески борбен авион опасно се приближи до американски, Пентагон ја објави снимката

Ана Ололовска