Полицијата во Хонгконг употреби солзавец, додека неколку стотици демонстранти се собраа денеска пред метро станицата „Принц Едвард“ во округот Монгкок, средиштето на повеќемесечните демонстрации.
Демонстрантите се собраа во трговските центри, барајќи „слобода“, но до најавените улични протести не дојде бидејќи жителите сè уште се опоравуваат од насилните судири од претходните денови.
Протестите во Хонгконг започнаа во јуни околу спорниот закон со кој се дозволува екстрадиција на осомничените во Кина, каде што, како што сметаат противниците на законот, нема да имаат фер судење.
Подоцна тие се проширија на барања за поголема демократија и помалку влијание на Пекинг врз внатрешните работи на таа автономна провинција.