Полицијата во Белорусија го заостри постапувањето кон демонстрантите, уапсени педесетмина

Од:

Полицијата во Белорусија уапси над 50 лица низ целата земја за време на протестите со кои се бара оставка на белорускиот лидер Александар Лукашенко, соопштија денеска властите.

Белоруското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера е приведен 51 демонстрант на митинзи во повеќе градови.

Според групата за човекови права Вјасна, 15 лица биле уапсени во Минск, главниот град на земјата, каде вчера се собрале неколку илјади луѓе на плоштадот „Независност“ и покрај обилниот дожд, барајќи оставка од долгогодишниот лидер Александар Лукашенко.

Новите апсења на демонстрантите кои се на улиците повеќе од две недели, следуваа по зголемениот притисок од властите врз опозицијата. Неколку активисти се уапсени во последните неколку дена, додека други беа повикани на разговор, а на десетици демонстранти им е наредено да се појават на суд.

Протестите почнаа по објавувањето на официјалните резултати од претседателските избори на 9 август, според кои Лукашенко го освои шестиот последователен претседателски мандат, со 80 проценти од гласовите.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина