Полицијата уби демонстрант во Мјанмар

Од:

Еден демонстрант е убиен, а неколкумина се тешко повредени во денешната полициска интервенција во Мјанмар. Судирите меѓу припадниците на безбедносните сили и пристанишните работници траеле неколку часа.

Лекар од Јангон изјави за локални медиуми дека неколку лица од протестот се пожалиле на проблеми со дишењето предизвикани од солзавецот и дека едно лице е повредено за време на полициската интервенција.

Протестите поради државниот удар во Мјанмар не стивнуваат, демонстрантите излегоа на улиците денеска во многу градови. Меѓи нив се и етнички малцинства, писатели, поети и работници, сите обединети во барањето да се стави крај на владеењето на воената хунта и ослободување на премиерот Аунг Сан Су Чи и други политички затвореници.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

ВИДЕО: Драстично зголемен бројот на жртви од земјотресот во Мјанмар

Катерина Ѓуровски